Нов проблем за Надал: Се качи во авион, а потоа се случи нов проблем! Поради ова, тој може да ја пропушти земјената сезона

Рафаел Надал би можел да ги пропушти сите турнири на земја до Рим, последниот тест пред Ролан Гарос, кој започнува на 20 мај.

Шпанскиот тенисер повторно се повреди и има големи проблеми пред вториот Грен слем сезонава, откако пред да замине во Мелбурн мораше да се повлече од првиот, Австралија опен.

Новинарот на шпанскиот портал „Ѕport.es“ Алберт Брива објави загрижувачка вест за состојбата на тенискиот великан, кој сигурно ја игра последната сезона.

Шпанецот тргна кон Монте Карло, но ,,Рафаел Надал би можел да ги пропушти Монте Карло, Барселона и Мадрид. Новиот проблем со грбот може да го натера тенисерот од Балеар да паузира уште шест недели. Во следните неколку часа тој треба да пристигне во Монте Карло, каде ќе биде првиот Мастерс, но можеби уште не ги надминал маките. Според некои информации, можеби ќе биде принуден повторно да паузира“, објави шпанскиот новинар.

Авторот истакнува дека плановите на Надал повторно се уништени поради физички проблеми и би можеле да го спречат да игра на омилениот Грен слем, каде што го држи апсолутниот рекорд со 14 титули.