Германскиот „Формула 1“ возач Шумахер е во врска со манекенката Лаила Хасановиќ, која по потекло е од Сребреница.
Имено, тие двајца заминале на заеднички одмор, а тој на социјалните мрежи споделил заедничка фотографија од нив. Во описот ставил емотикон во форма на срце. Фановите му честитале во коментари.
„Ви посакувам сè најдобро. Прекрасен пар сте“, „Конечно објавивте дека сте заедно“, „Честитки, иако сум љубоморна“, се само дел од нив.
Тој претходно објавил и фотографија на која се држат за раце и носат исти алки. Парот се запознал на Гран при во Белгија.
Таа е родена во Данска, но често ја посетувала Сребреница.
Во 2019 година, Лаила се пласирала во финалето на изборот за Мис Универзум во Данска. Честопати на социјалните мрежи објавува детали од снимањата на модни кампањи, патувања и слично.
Во моментов има речиси 180 илјади следбеници на „Инстаграм“.