НОВ СКАНДАЛ ВО ВАТИКАН !? Светата столица повторно излажа! Протече нова верзија на приказната за тоа што му се случило на Папата Франциско
Неодамнешното заминување во болница на поглаварот на Католичката црква, папата Франциско, беше многу подраматично отколку што подоцна беше прикажано и објаснето – а ова го потврдуваат и зборовите на самиот Папа кој кажа: „Уште малку и немаше да Ви кажам за тоа. Се онесвестив. Беше навистина гадно“.
Така, зборовите на Папата, кажани приватно, ги пренесува неговиот соговорник Микеле Фери во интервју за италјанскиот дневен весник Il Resto del Carlino. Тој е брат на Андреа Фери, трговец во Пезаро, кој беше убиен од негов вработен во обид за грабеж во мај 2013 година. Потоа, Папата го повикал семејството на убиениот, па така тие се запознале и започнале соработка.
Така јавноста дозна дека пред две недели Папата тешко се разболел по општата служба во Ватикан, тој наводно побледел, се испотил во ледена пот и се онесвестил. Докторите подоцна му дијагностицирале срцева фибрилација – објавија тамошните медиуми. За оние кои не го доживеале ова и не знаат што е, атријалната фибрилација предизвикува многу непријатно чувство на анксиозност, негкоаш дури и смртен страв. Тоа може да биде увертира за срцев удар или симптом на почетниот срцев удар.
Така, колегите од Ватикан го испратија 86-годишниот Папа директно во Римската универзитетска болница „Agostino Gemelli“. За среќа на пациентот не станувало збор за срцев удар, туку за рефлекс на непријатно вирусно воспаление на дишните патишта.
Така, по излегувањето од болница, Папата можеше да каже: „Јас сум уште жив! Тоа беше добра вест“.
Лошата вест е што Светата столица излажа дека Папата отишол на однапред договорен рутински преглед.
Јавноста се надеваше дека практиката на криење и лажење кога станува збор за здравјето на Папата е дефинитивно застарена, но таа повторно се врати. А како да им се верува на оние кои лажат и нешто лесно проверливо ?