Нов судски процес против градоначалникот на Истанбул, Имамоглу

 Во Турција денеска почна нов судски процес против градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е обвинет за „местење тендери“ во период кога беше градоначалник на истанбулската општина Бејликдузу.

Покрај Имамоглу им се суди уште на шест осомничени лица. Обвинителството бара затворски казни до седум години и да им забрани учество во политиката.

Имамоглу минатата година беше осуден на две години и седум месеци затвор и забрана за политичка активност. Градоначалникот на Истанбул беше обвинет за „навреда“ на членовите на изборната комисија на Турција за време на говор во ноември 2019 година. Случајот моментално се наоѓа пред Касациониот суд.

Градоначалникот на Истанбул пред судскиот процес важеше за еден од можните противкандидати на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори. Поради пресудата Имамоглу не учествуваше на изборите, на кој беше реизбран Ердоган.