Нов топлотен бран ќе ја зафати Македонија во наредните денови

Нов африкански бран ќе ја зафати Северна Македонија во наредните денови. Според синоптичарите, високи температури од околу 40 степени ќе нè придружуваат до 13 август.

Институтот за јавно здравје препорачува температурата во просторијата за време на топло време да се одржува околу 25 степени. ИЈЗ исто така препорачува помеѓу 11:00 и 17:00 часот да престојувате во ладна средина и да не излегувате надвор непотребно. Во текот на овие денови, се препорачува да консумирате што е можно повеќе течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

Носете светла облека и користете заштита за глава и очи. Препорачливо е да се избегнува физичка активност во најжешките часови од денот и да се обрне внимание на децата, постарите лица, лицата со хронични заболувања и бремените жени, кои се групи особено чувствителни на високи температури.