Нов шок на почетокот на годината: Германскиот гигант прогласи банкрот по 123 години работа, затвора продавници, работници на улица
Познатиот германски моден синџир Рупсамен беше принуден да затвори неколку филијали низ земјата.
Во септември 2023 година компанијата мораше да поднесе итно барање за стечај и оттогаш интензивно бара нови инвеститори, но досега нема успех.
Извршниот директор Маркус Ворвалт сега планира да најде „независно решение“ и според германските медиуми тој има намера да ја преземе целата групација. Ова може да биде возможно со префрлање на реструктуирањето на ново правно лице или преку стечајна постапка.
На овој начин во Рупсамен би можеле да се спасат до 100 работни места.
Заштедите се неизбежни за време на реструктуирањето, па прво ќе се намали бројот на продавници и работници во Аугсбург, а катанецот ќе биде ставен на продавниците во Вајлхајм, Ајхах, Шробенхаузен и Фридберг до крајот на јануари.
Само седиштето во Аугсбург и седум други филијали ќе останат отворени.
Ворвалт нагласува дека „актуелната ситуација во малопродажбата и промените во навиките на потрошувачите“ го оставија модниот синџир Рупсамен без друг избор.
Модната куќа Рупсамен е основана во 1900 година во Аугсбург и отсекогаш се наоѓала на иста адреса. Таа е една од најголемите модни куќи во Баварија.
Текстилниот гигант Примарк, да потсетиме, исто така е принуден да затвори неколку продавници низ земјава поради кризата во бизнисот. Примарк веќе подолго време се бори со финансиски загуби во Германија.