Ноле го извади стегачот! Погледнете како изгледа коленото по операцијата 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покажа како изгледа неговото колено по операцијата по повредата на Ролан Гарос.

Вториот тенисер во светот се повреди во осминафиналето на Ролан Гарос на мечот против Франциско Серундоло, само ден по повредата  што беше опериран во Париз на 5 јуни во болницата „Рамзи Санте“. Малкумина очекуваа дека ќе биде подготвен пред Олимписките игри  во Париз, но закрепнувањето оди одлично, па ќе се натпреварува на Вимблдон, каде лани беше поразен во финалето од Карлос Алкараз.

Ноле веќе седум дена е во Лондон, тренира, ја усовршува формата за стартот кој започнува во вторник против Чехот Вит Коприв. Во неделата тренираше со Себастиано Корда и за прв пат го симна држачот за колено што го носеше до сега, па сите можеа да видат како изгледа коленото по операцијата на менискусот.

Ноле имаше одлична вест за навивачите ден пред првиот меч во Лондон. Иако операцијата била пред речиси еден месец, тој вели дека коленото е речиси во најдобар ред.

– Коленото? Многу е блиску до максимумот. Тоа ме прави среќен и мислам дека е повеќе од доволно за почеток на турнирот. Имам уште еден ден вежбање, па одам да играм. Претходните денови играв многу сетови со Медведев, Руне, Синер, Корда… Имав доволно време и простор да го тестирам коленото, да видам колку можам и што можам – изјави Ѓоковиќ.