Возачот на Мекларен, Ландо Норис, го постави најбрзото време во квалификациите пред Големата награда на Белгија во Спа Франкоршамп, 13-то коло од Светското првенство во Формула 1.
Британецот беше побрз од неговиот австралиски колега Оскар Пјастри, додека Шарл Леклерк во Ферари успеа да го освои третото место пред Макс Верстапен во Ред Бул, кој славеше претходно во спринтот.

Со тоа Норис ја освои 13-тата пол позиција во кариерата и четвртата оваа сезона.
Верстапен претходно ја освои спринтерската трка, негов прв триумф откако неговиот тимски шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, беше отпуштен по 20 години работа.
Во генералниот пласман, Пјастре сега води пред Норис со девет бода, додека Верстапен е на третото место, со 68 бода заостанување.
Трката за Големата награда на Белгија ќе се одржи утре во 15:00 часот.