Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

 Нормализиран е сообраќајот на патот Струмица – Ново Село, пред ГП-Ново Село, информира АМСМ. 

Сообраќајот е нормализиран вечерва, од 20.23 часот. 

На овој патен правец сообраќајот беше во прекин во двата правци од 18.20 часот поради сообраќајна несреќа. Во сообраќајката немаше загинати и повредени.