Норма има 74 години и тело како 20-годишна девојка: „Во моментот кога решив една работа – се преродив“ (ФОТО)
Норма Вилијамс е многу горда на својот изглед, бидејќи, според неа, луѓето често ја запираат и учтиво прашуваат колку години има. Таа изгледа како 20-годишна девојка и тоа може да го потврди со безброј фотографии на Инстаграм и другите социјални мрежи.
Но, она што на Норма и’ е уште поважно од изгледот е тоа што таа сега има повеќе енергија отколку во тинејџерските години.
Која е тајната на добриот изглед на Норма Вилијамс?
Норма, која сега живее во Италија, вели дека нејзиното здравје се подобрило затоа што сфатила една важна работа:
“Кога имав дваесетти, секогаш јадев чоколада пред спиење, јадев бисквити и бел леб речиси секој ден. Се чувствував многу лошо, немав доволно енергија … Во последните 50 години сè се смени, а тоа е само затоа што сфатив дека морам да си забранам чоколадо и лебот.
„Кога сум гладна, секогаш избирам здрава храна: риба, месо, јаткасти плодови, зеленчук, јогурт без шеќер, мед и овошје“, изјави Норма за Mirror.
Што се однесува до вежбањето, Норма станала фанатик за тоа. Таа вели дека секој ден пешачи и до 9 километри и дека секој ден се вежба:
„Додека правам чај правам 20 чучневи, уште 10 кога го служам чајот на маса, потоа додека се облекувам правам истегнувања и слично. Тренингот со тегови стана мое секојдневие. Ако сте почетник, побарајте лесни вежби а потоа држете се до тие вежби секој ден“, советува Норма.
„Не обидувај се да бидеш некој друг, биди најдобрата верзија од себе!” – гласи нејзиното мото.