Носел мистериозен воен товар: Ова е авионот на руското Министерство за одбрана кој исчезнува во пламен на пистата во Таџикистан (фото/видео)

Рускиот товарен авион Ил-76 бил на пистата кога му се запалил моторот, а леталото продолжило да се движи додека пламените јазици се ширеле.

Британски ,,Сан” на својот канал на Јутјуб објави видео од оваа застрашувачка сцена.

Се претпоставува дека персоналот и патниците успеале да побегнат од товарниот авион на руското Министерство за одбрана пред тој целосно да биде зафатен од пламен.

Се претпоставува дека во леталото имало осум лица кои биле задолжени за транспорт на непознат воен товар.

Сето тоа се случи во воздухопловната база Ајни во близина на Душанбе, главниот град на поранешната советска република Таџикистан.