„Ноќните луѓе“ се поинтелигентни

Дали спиете и се будите доцна? Истражувачите открија нешто важно за вас

Има редок квалитет кај „ноќните луѓе“. Ако заспиете доцна, тоа значи дека сте интелигентни. Ова е заклучокот од студијата за креативната способност на умот, која откри дека, спротивно на верувањето, „ноќните“ луѓе се покреативни и пооригинални од „утринските“.

По анализата на одговорите на група луѓе, од кои некои спијат рано и се будат рано, додека останатите спијат многу доцна, забележано е дека луѓето кои спијат доцна имаат тенденција да бидат пооригинални во своите одговори.

Тие не чувствуваат потреба да ги почитуваат утврдените правила, на пример режимот на спиење, пишува „Дејли Мејл“.

Изненадувачки, спротивно од она што може да се мисли, оние кои спијат до доцна имаат посилна, поорганизирана меморија.

Исто така спротивно на популарното верување, луѓето кои спијат и се будат доцна имаат пониско ниво на стрес. Тоа е затоа што тие се генерално подобро расположени во текот на денот.

Но, пред се, што беше целта на студијата, беше забележано дека луѓето кои спијат до доцна се покреативни од оние кои спијат во 9:30 секоја вечер.

Утринските луѓе, пак, се попродуктивни во текот на денот, но кога станува збор за оригиналноста, ноќните типови се специјалисти.