Нутриционистот тврди дека оваа храна предизвикува замор

Нутриционистката од клиниката Мајо, Бет Сервони, вели дека заморот понекогаш е резултат на јадење одредена храна. Како што тврди, има намирници кои можат да предизвикаат замор и намалена ефикасност во текот на денот.

„Иако може накратко да ги зголеми нивоата на енергија, кофеинот води до последователен замор“, рече таа.

Истото важи и за едноставните јаглехидрати и шеќерот. Телото брзо ги вари и ги разградува, што дава привремен поттик на енергија. Сепак, по ова следи нагло паѓање, што предизвикува поспаност.

„Кога пиете алкохол, невроните во вашиот мозок работат побавно, што го отежнува процесот на размислување. Ова доведува до намалување на активноста на мозокот, обезбедувајќи смирувачки ефект“, додаде таа.

За да одржите високо ниво на енергија, нутриционистот советува во исхраната да вклучите банани, јаткасти плодови, јајца, темно чоколадо и зелен чај.