Д-р Џес Кординг изјавил дека сардините се богат извор на протеини и други здрави состојки.
Рибата е одличен извор на протеини, масни киселини и хранливи материи, а особено се популарни конзервираните сардини .
Многу луѓе се прашуваат дали конзервираната храна е навистина здрава. Нутриционистот Џес Гординг откри дека стручното мислење е дека конзервираните сардини се најздравата конзервирана храна.
Тие се одличен извор на протеини и не бараат долга подготовка или готвење.
Д-р Гординг објасни дека употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.
– Конзервираните сардини имаат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори кога се во прашање морските плодови, особено ако свежата риба или морска храна не е достапна – рече таа.
– Кога јадеме сардини, внесуваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини. Маслиновото масло во кое се наоѓаат сардините обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето – додаде д-р Гординг.
Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно. Можете да ги измешате со тестенини. јадете со или без леб или додавајте во разни салати, пренесува MindBodyGreen.