Конзервирањето ја одржува храната свежа, особено храната која е склона кон развој на различни патогени.
Меѓутоа, при конзервирање на одредена храна, нивните хранливи материи се губат.
– Резултатот, за жал, е значително губење на хранливи материи, но откако ќе се конзервираат овошјето или зеленчукот, тие можат да останат такви со години, безбедни се од опасните микроорганизми – објаснува нутриционистот др. Џес Кординг. Тој открива која е најздравата конзервирана храна.
Станува збор за конзервирани сардини, но и други конзервирани риби кои се достапен извор на протеини, но и одржливи и не бараат долга подготовка или варење. Додавањето конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки, пишува Најжена.рс.
„Конзервираните сардини имаат тенденција да имаат помалку жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако немате пристап до свежа риба“, вели Кординг.
Со нив, додава тој, внесуваме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини. Се препорачуваат две до три порции риба со малку жива неделно, а Кординг советува да се меша со тестенини, сирење или крекери за ужина.
– Сакам да ги згмечам со вилушка и едноставно да ги ставам во салата – изјавила Кординг за „Mind Body Green“.