Основното јавно обвинителство – Штип поднесе обвинителен акт против 33-годишно лице за кое се водеше истрага за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во текот на истрагата се прибавени докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, намерно го одзел животот на својата вонбрачна партнерка.
Откако се договориле и се сретнале пред нејзината куќа, заедно отишле во една напуштена зграда на НП Исар да разговараат за проблемите во нивната долгогодишна врска. Разговорот прераснал во расправија, по што пријавениот физички јо нападнал оштетената и почнал да ја удира со тупаници. Кога паднала на подот, тој почнал насилно да ја стиска за вратот додека не и’ застанало дишењето и не и’ бил прекинат протокот на крв во мозокот, поради што жената починала. Откако се уверил дека нема знаци на живот, ја напуштил државата и се пријавил во полициска станица“, се објаснува во соопштението.
Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот поднесе и Јавниот обвинител при Основниот суд Штип.