Непознат маскиран напаѓач провалил во домот на германскиот канцелар Олаф Шолц, пишува бриселскиот портал Политико.
Според написот, лице со ракавици, качулка и маска на лицето, држејќи батериска ламба, во неделата вечер се обидел да упадне во станбениот комплекс во Потсдам, мал град во близина на Берлин, каде живее Шолц.
Германскиот весник Шпигел објави дека германскиот канцелар не бил дома во моментот на веројатниот обид за грабеж, а се наведува и дека фотографии се преземени од снимките од надзорните камери. Лицето се обидело да упадне во станот на Шолц, но побегнало кога бил забележан, наведува Шпигл.