Обилни дождови во Кина: Загинаа 11, исчезнати се 27 лица

– Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати по обилните врнежи од дожд што ја погодија Кина, објавија државните медиуми.

Жртви се пријавени во главниот град Пекинг, објави „Синхуа њуз“.

Кина во петокот беше погодена од тајфунот Доксури.

Илјадници луѓе од северот на земјата се евакуирани на побезбедни места.