Кубанската актерка Ана Де Армас неодамна беше видена на романтична прошетка во друштво на Мануел Анидо Куеста, кој е посинок на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез.
Кубанската актерка Ана Де Армас сега е мета на критики и е обвинета дека излегувала со „ќерка на диктаторот“, и дека побегнала од Куба токму поради таа диктатура и лошите услови за живот, пишува Дејли Меил.
Актерката се преселила од Куба во Шпанија на 18 години, по што ја започнала својата актерска кариера.
Имено, многумина истакнуваат дека претседателот Дијаз-Канел ја продолжил доктрината на диктаторот Фидел Кастро, која не дозволува други партии или оние кои се против владејачката партија.
Тој е обвинет и за големи прекршувања на човековите права.
„Ана де Армас ја напушти Куба за да продолжи со кариерата и животот во Америка, за на крајот да излезе во врска со посинокот на кубанскиот диктатор. Што има?“, „Ана де Армас излегува со посинок на тиранин кој ја води диктатурата од која побегна? Ова е лошо, многу лошо“, се само дел од негативните коментари на социјалните мрежи, поради што актерката ги ограничи коментарите на својот Инстаграм.
“Овие фотографии мора да го обиколат светот, луѓето не смеат да имаат милост. Познатата актерка Ана де Армас е фотографирана во Мадрид со поќерката на диктаторот и можен наследник. Тие се пар. Уживаат во Мадрид како ништо да не се случува”, е еден од коментарите.
Анидо Куеста е адвокат и син на сопругата на кубанскиот претседател од претходниот брак. Тој е близок советник на својот очув и често го придружува на официјални настани и патувања, вклучително и посети на Ватикан и ОАЕ.
Мануел Анидо Куеста е обвинет дека живее луксузен живот во странство, додека повеќето Кубанци живеат во сиромаштија дома.
@yoelandmari ANA DE ARMAS cancelled!!!! #greenscreen ♬ original sound – Yoel and Mari