ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ на ова ОДНЕСУВАЊЕ НА КУЧЕЊЕ – Ситуација која збунува многу сопственици, а еве за што се работи

Научниците од Харвард конечно најдоа одговор на ова интересно прашање.

Ако имате куче за домашно милениче, тогаш знаете како изгледа кога спие.

Некои кучиња, додека спијат, брзо ги движат шепите и изгледаат како да бркаат имагинарна мачка. Но, за што навистина сонуваат кучињата? Дали сонуваат за нивната омилена храна или омилена играчка?

Научниците од Харвард конечно најдоа одговор на ова интересно прашање.

Според неодамнешните истражувања, кучињата често сонуваат за луѓето за кои најмногу се врзуваат, најчесто нивните сопственици.

Ова е објаснувањето на д-р Деирдре Барет:

– Луѓето сонуваат за она што најмногу ги загрижува во текот на денот, но во многу нејасна и нелогична форма. Нема причина да се верува дека животните се поинакви. Имајќи предвид дека кучињата можат многу да се врзуваат за луѓето, кучето веројатно сонува за лица и мириси кои го прават среќен. Од друга страна, кучето може да сонува дека прави нешто што ве нервира – објаснува Барет.

Очигледно луѓето не останале рамнодушни кога дознале за ова откритие.

Сопствениците на кучиња почнаа да објавуваат фотографии од нивните миленици како спијат придружени со охрабрувачки коментари. Многумина не можеа да ги задржат солзите! Можеме да ги разбереме. Знаејќи дека вашето куче најмногу ви е посветено, дури и додека спие, може да го стопи и најстуденото срце.