Обрнете внимание на средствата против комарци! Ова мора да го пишува на шишето за да ве заштити: Без овие состојки не вреди апсолутно ништо (фото)
Сте пробале многу производи кои штитат од комарци, но сепак комарците ве каснале и ви ја уништиле убавата вечер или престојот во природа. Овие состојки сигурно ќе ве заштитат. Задолжително проверете дали има такви на производот што го купувате.
DEET
Најпознатата состојка во повеќето производи против комарци најверојатно ќе ги одврати, но производот треба да содржи околу 30 проценти DEET. Со 10 проценти ќе ве заштити од комарци 1,5 часа, а со 30 проценти од 5 до 6 часа. Може да го користат и бремени жени, доилки и бебиња.
Икаридин
Од овие напади ќе ве спаси средството против комарци што содржи икаридин. Оваа состојка е многу ефикасна кога е заштитата во прашање, а производот врз основа на неа може да го користи целото семејство. Ако дојде во контакт со кожата, нема да остави дамки.
IR3535
Кога ќе купите средство за заштита од комарци што ја има оваа состојка, ќе бидете заштитени и од крлежи. Можете да го користите и за деца, бидејќи е сосема безбеден. Според некои истражувања, производите што содржат IR3535 се поефикасни од оние што содржат DEET.
Метил нонил кетон
Природно се наоѓа во доматите и се произведува и синтетички. Репелентите против комарци кои ја содржат оваа состојка се исто толку ефикасни како оние кои содржат 30 проценти DEET. Така, ќе ве заштити 5-6 часа.