Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска во 15 часот на прес-конференција ќе ги соопштат првичните набљудувања од набљудувањето на вчерашниот прв круг од претседателските избори во земјава.
Шефот на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но ќе имаат целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес по завршувањето на изборен процес.
„Ние колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до вистинскиот развој на изборите, вклучително и финансирањето на кампањите и, се разбира, улогата на медиумите.
Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, добредојдени сте да ни се придружите таму и ќе има можност за прашања од печатот по кратката изјава од мене и нашите партнери од Советот на Европа“, рече Џилијан Штирк вчера.