Објавена е листата на најпосетувани градови во 2024 година: Истанбул повеќе не е на прво место (фото)

Објавена е листата на најпосетувани градови во светот во 2024 година, креирана од Euromonitor International, а оваа година на врвот се најде главниот град на Тајланд, Бангкок.

Бангкок имал дури 32,4 милиони меѓународни пристигнувања, што е значителен раст (37 отсто) во споредба со минатата година. Бангкок има приближно 12 милиони повеќе пристигнувања од Истанбул, кој забележа 20,2 милиони меѓународни пристигнувања во 2023 година, што го прави број еден најпосетуван град во 2023 година.

Истанбул заврши на второто место на листата оваа година со 23 милиони пристигнувања, а потоа следат Лондон, Хонг Конг, Мека, Анталија, Дубаи, Макао, Париз и Куала Лумпур. 

Тајландски скапоцен камен

Овој тајландски скапоцен камен е полн со културни атракции, живописни пазари и уникатни искуства кои привлекуваат посетители од целиот свет. Тој нуди богатство на искуства, од културни знаменитости до модерни атракции во спој на богата историја и модерен живот. 

Познат е по своите живи улици и ноќен живот, а главните атракции на градот, како што се Големата палата, Ват Фо (Храмот на лежечкиот Буда), Ват Арун (Храмот на зората) и пазарот Чатучак привлекуваат голем број посетители секоја година.

Име што предизвикува главоболка

Интересно е и тоа што Бангкок го држи Гинисовиот рекорд за најдолго официјално градско име во светот.

Името гласи: Крунг Теп Маха Након Амон Ратанакосин Махинтхара Ајутаја Махадилок Фоп Нофарат Ратчатани Буриром Удомрачанивет Махасатан Амон Пиман Аватан Сатит Сакататтија Витсанукам Прасит,.

Уште една причина да го посетите, нели?