Објавена е цела снимка! Еве што му претходело на покажувањето на среден прст на емисија во живо: Водителката на Би-Би-Си објасни сè (ВИДЕО)

Водителката на Би Би Си, Марјам Мошири, рече дека е среќна што е објавена целосната снимка на која таа покажува среден прст на програмата, на која се гледа дека таа се шегува со тимот.

Десетици милиони луѓе ја видоа британската презентерка како покажува среден прст, несвесна дека е на програма во живо. Сега е објавено целосното видео од Мерјам Мошири како ги одбројува секундите до сега светски познатиот момент кога покажа средниот прст.

Откако нејзиното покажување на средниот прст во емисијаѕа стана вирално, Мошири се извини што „навреди и вознемири неколкумина“.

„Не им покажав среден прст на гледачите. Тоа беше глупава шега наменета за мал број мои пријатели“, изјави водителката.

По објавувањето на целото видео, Мошири на X рече дека и’ е мило што е објавено.

„Би-Би-Си не го објави ова, а јас секако не го објавив. На некој начин мило ми е што е така, затоа што покажува дека е шега со тимот за време на одбројувањето“, напиша водителката.