Објавена листа на највисоките претседатели во историјата на светот: Александар Вучиќ убедливо на првото место како највисок лидер во светот !?

На социјалната мрежа Твитер, сега попозната како Х, верификуваниот профил World of Statistics објави интересна информација за највисоките лидери во светот, а во статистиката се вклучени и сегашните и поранешните претседатели на држави ширум светот.

Соседна Србија е прва во светот во оваа категорија и за тоа е „виновен“ претседателот Александар Вучиќ – официјално највисокиот претседател во светот со висина од 199 сантиметри.

Потоа, по него второто место го делат Шарл де Гол (196 см) и Мило Ѓукановиќ (196 см), а на третото место се Доналд Трамп и Фидел Кастро со висина од 190 сантиметри.

Жак Ширак и Башар ал Асад (189 см) го делат четвртото место, Имран Кан, Садам Хусеин и Џастин Трудо (188 см) се на петтото место, а погледнете ја целосната листа подолу.