Според последните анкети, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, води пред актуелниот претседател, Џо Бајден, во пет држави пред претседателските избори во 2024. Се очекува демократите да му дадат поддршка на Џо Бајден како актуелен претседател кој ќе се бори за втор мандат.
Најновите анкети на New York Times и колеџот „Сиена“, објавени денеска, покажуваат дека Доналд Трамп води со 10 поени над Џо Бајден во Невада, шест во Џорџија, пет во Аризона, пет во Мичиген и четири во Пенсилванија.
Џо Бајден го победи Доналд Трамп само во една од државите вклучени во истражувањето, Висконсин, пишува US Today. Истражувањето покажа дека популарноста на Џо Бајден меѓу групите гласачи кои ја поддржаа неговата победа, како што се гласачите помлади од 30 години, опаѓа.
Анкетата на New York Times и колеџот „Сиена“ беше спроведена од 22. октомври до 3. ноември и вклучи одговори од 3.662 регистрирани гласачи.