Објавена престижната листа на 100 најдобри фудбалери во светот за 2023 година: Ерлинг Халанд е на врвот, а еве кои фудбалери се веднаш зад него

Ерлинг Халанд е најдобар фудбалер во светот за 2023 година. Ова го одлучи стручното жири на угледниот британски весник The Guardian, кој од 2012 година објавува листа на 100 најдобри фудбалери на крајот на годината. Годинава жирито вклучуваше 218 поранешни фудбалери, фудбалски стручњаци и новинари, а тие одлучија дека норвешкиот напаѓач е најдобар во светот, пред фудбалерот од средниот ред на Реал МадридЏуд Белингем.

На третото место е Килијан Мбапе, а зад него се Хари КејнРодриВинисиус ЈуниорМохамед СалахКевин Де БрујнВиктор Осимхен и Лионел Меси, кои лани беа на врвот на оваа листа. Неговиот „вечен ривал“ Кристијано Роналдо го зазеде 27. место, а интересно е што ова е скок од 24 места во однос на 2022 година.

20. најдобри фудбалери според The Guardian:

1. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)

2. Џуд Белингем (Реал Мадрид)

3. Килијан Мбапе (ПСЖ)

4. Хари Кејн (Баерн Минхен)

5. Родри (Манчестер Сити)

6. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид)

7. Мохамед Салах (Ливерпул)

8. Кевин Де Брујн (Манчестер Сити)

9. Виктор Осимхен (Наполи)

10. Лионел Меси (Интер Мајами)

11. Бернардо Силва (Манчестер Сити)

12. Хвича Кварацхелија (Наполи)

13. Лаутаро Мартинез (Интер)

14. Букајо Сака (Арсенал)

15. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид)

16. Илкај Гундоган (Барселона)

17. Роберт Левандовски (Барселона)

18. Мартин Одегард (Арсенал)

19. Хулијан Алварез (Манчестер Сити)

20. Џамал ​​Мусиала (Баерн Минхен)