Објавена снимка од потера по малолетникот кој пукаше во колумбискиот опозициски претседателски кандидат (видео)
Објавено е видео на кое се гледа 15-годишник осомничен дека испукал неколку куршуми кон опозициски претседателски кандидат во Колумбија. Мигел Урибе Турбај бил погоден со три куршуми, од кои два биле испукани во главата.
Малолетен напаѓач бил во публиката за време на предизборен митинг и го застрелал Урибе во главата со пиштол одзади.
На социјалните мрежи се појави видео од брканица по 15-годишно момче, а тој е уапсен.
Полицијата истражува дали некој друг е вмешан во овој напад.
Во октомври, Урибе ја објави својата кандидатура за претседателските избори што ќе се одржат во 2026 година.