Објавени екстремно вознемирувачки сведоштва: “Членовите на Хамас силуваа и осакатуваа жени…“

За време на монструозниот нападот на Хамас од 7. октомври имало силување, сексуално насилство врз жени и осакатување на жени, пишува BBC и пренесува дека имаат докази за тоа.

Неколку луѓе задолжени да ги собираат и идентификуваат телата на убиените по нападот велат дека виделе повеќе знаци на сексуален напад, вклучително и скршени карлица, модринки, исеченици и расекотини, а меѓу жртвите има деца, тинејџери и пензионери.

Документираното сведочење на очевидци од музичкиот фестивал „Супернова“, кое на новинарите им го покажа израелската полиција, детално го опишува групното силување, осакатувањето и егзекуцијата на една од жртвите.

Полицијата приватно им покажала на новинарите страшно сведоштво на жена која во моментот на нападот била на фестивалот. Таа вели дека видела борци на Хамас како групно силуваат и ја осакатуваат една жена, а потоа последниот од нив ја застрелува во глава додека продолжува да ја силува.

Таа беше жива. Крвареше до смрт“, опишал сведокот и продолжил да раскажува како мажите при нападот отсекувале делови од телото на жената.

И ги отсекоа градите и ги фрлаа, си играа со нив“, вели сведокот, додавајќи дека напаѓачите си ја предавале жртвата еден на друг.

Ја силуваше и ја застрела во глава пред да заврши. Не ги крена ни панталоните, пукаше и завршуваше со сексуалниот чин во исто време“, вели жената сведок за BBC.

Еден сведок од фестивалот рекол дека слушнал врева и врескање на луѓе кои биле убиени, силувани и обезглавени. На прашањето на репортер на BBC, како знаела дека тоа е сексуален напад само со врескање, ако не го видела тоа, таа рекла дека верува дека тоа може да биде само силување.

Некои жени беа силувани пред да умрат, некои беа силувани додека беа повредени, а некои беа веќе мртви кога ги силуваа терористите. Очајно сакав да помогнам, но ништо не можев да направам“, вели жената сведок.

Министерката за зајакнување на правата на жените на ИзраелМеј Голан, изјави за BBC дека неколку жртви на силување или сексуален напад преживеале и дека сите во моментов се на психијатриско лекување.

Но, многу малку од нив преживеаја. Повеќето од нив се брутално убиени“, додава таа.

Некои видеа на Хамас покажуваат жена со лисици и голема крвава дамка на долниот дел од панталоните. Други видеа прикажуваат жени земени од борците на Хамас полуоблечени или голи.

На фотографиите од местото на несреќата некои од нив се голи од половината надолу, или пак им е искината облеката. Тие се снимени со раширени нозе, со повреди на нозете и гениталиите.

Се чини како Хамас да го научи сето ова од ИСИС во Ирак, од случаите во Босна…“, изјави д-р. Кочав Елкајам-Леви, правен експерт во Институтот „Davis“.

Се згрозувам само што ги знам деталите за тоа како знаеле што да им направат на овие жени: да им ги исечат органите, да им ги осакатуваат гениталиите, да ги силуваат. Ужасно е да се знае. Зборував со најмалку три девојки кои сега се хоспитализирани во психијатриска болница поради силувања. Се преправале дека се мртви и слушале и виделе се и сега не можат да се носат со тоа“, изјавила министерката Меј Голан.

Првиот човек на израелската полиција вели дека на многу преживеани од нападите им е тешко да разговараат.

Осумнаесет млади мажи и жени беа хоспитализирани во болниците за ментално здравје бидејќи повеќе не можеа да функционираат“, вели Јаков Шабтаи.

Некои од нив наводно се стремат кон самоубиство.

Голем дел од доказите потекнуваат од доброволци кои ги собирале телата по нападот. Еден од нив за BBC ги опишал знаците на тортура и осакатување. Меѓу нив е и една трудница на која и ја искинале внатрешноста пред да ја убијат и да го избодат плодот.

Сведокот Нахман Дикстејна дал писмено сведочење во кое опишал дека видел тела на две жени во Кибуц Беери со рацете и нозете врзани за кревет.

Едната беше тероризирана со нож забоден во вагината. Сите внатрешни органи и беа отстранети“, се вели во писмото.

Инспекторите признаваат дека во првите денови по нападот, можностите за внимателно документирање на злосторствата и преземање форензички докази биле ограничени или пропуштени.

Првите пет дена сè уште имавме терористи на терен во Израел. Насекаде имаше стотици тела: изгорени, без органи, целосно искасапени“, вели Меј Голан.

Видовме жени од сите возрасти, жртви на силување. Гледаме модринки, исеченици, расекотини, знаеме дека биле сексуално злоупотребувани. Голем број жени и девојки од сите возрасти“, додаваат волонтерите. 

Сепак, тешко е да се одреди точниот број на жртви, делумно поради состојбата на телата. Некои изгореле, додека на некои им недостасувала долната половина, па не се знае дали овие луѓе биле силувани. Но, има повеќе од доволно од оние кои очигледно биле силувани.

Дејвид Кац од израелската единица за сајбер криминал, која е вклучена во истрагата, им рекол на новинарите дека е премногу рано да се докаже дека сексуалното насилство било планирано како дел од нападот, но дека податоците извлечени од телефоните на напаѓачите на Хамас сугерираат дека тоа било систематско.

Би било непромислено да се каже дека можеме да го докажеме тоа, но се што е направено таму е систематски. Ништо не се случи случајно. Силувањето беше систематско“, заклучи Дејвид Кац.