Објавени последните фотографии од Шенен Доерти: Актерката уживаше во друштво на пријатели

Покојната актерка Шенен Доерти последен пат е фотографирана како излегува од ресторан во Малибу со своите пријатели.Таа беше придружувана од агентот за недвижности Крис Кортаз и пријател кој не и е познат на јавноста.

Со оглед на тоа што во последните години од животот ретко се појавуваше во јавноста, овие фотографии го привлекоа вниманието на нејзините обожаватели. Многумина изјавија дека изгледа подобро и веруваат дека ќе успее да ја победи суровата болест.

Фото: Твитер

За потсетување, во март 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка. Лекарите и рекоа дека и останале уште пет години живот откако и дал метастази во лимфните јазли.

Во април 2017 година, таа објави дека болеста е во ремисија. Во февруари 2020 година, таа откри дека ракот се вратил и дека е во четврта фаза. Метастазираше во мозокот и коските. Веста за нејзината смрт беше потврдена вчера. Таа почина на 53-годишна возраст.

Пред смртта решила да ги продаде повеќето работи што ги поседувала затоа што не сакала да и отежне на мајка си.

„Мајка ми е мојот приоритет. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа. Затоа сакам другите работи да и бидат многу полесни. Не сакам да има куп работи со кои треба да се занимава. Не сакам да има четири гаражи полни со мебел“, рече таа меѓу останатите.