Објавени сателитски снимки: Руската армија трупа војници и опрема во близина на границата на оваа земја, градат огромна воена база, нешто се спрема?! (ФОТО)

Финскиот медиум Yle објави нови сателитски снимки кои покажуваат дека Русија започнала големи градежни работи во затворениот воен град Лупче-Савино, во близина на Кандалакша, на околу 110 км од финската граница во текот на зимата.

Се гради воена база за новата артилериска бригада и дел од инженерските единици. Претходно, тој простор се користеше само како магацин, а ова е првпат работите да се пријават надвор од Русија.

Според снимките, 
исчистена е шума долга 1,4 км, изградени се неколку згради, а планирана е изградба на уште десет згради.

Експертот Марко Еклунд истакнува дека обемот на работите ја покажува намерата за постојано присуство на армијата во областа, која има стратешко значење бидејќи го поврзува полуостровот Кола со остатокот од Русија.

Во исто време, промени беа забележани и на Карелискиот Истмус, во гарнизонот Сапјорное, на околу 70 км од финската граница.

Таму биле забележани понтонски возила и инженерска опрема, што може да укажува на проширување на соседната база Каменка, чија пешадиска бригада се трансформира во дивизија.

Во Република Карелија, Русија формира нов 44-ти армиски корпус со околу 15.000 војници.

Голем дел од опремата доаѓа од магацин во Петрозаводск, каде што се чуваат обновени советски борбени возила. Исто така, беше формирана бригада на железнички трупи, а новиот команден штаб во Петрозаводск укажува на дополнително приближување на операциите кон финската граница.

Зголеменото присуство на руски трупи се оправдува со членството на Финска и Шведска во НАТО.

Од 2023 година, Ленинградскиот воен округ е повторно воспоставен, а бригадите се трансформираат во дивизии, што може да го зголеми бројот на војници од 30.000 на дури 100.000. Се очекува и повеќекратно зголемување на бројот на тенкови во регионот.