Објавени се конкурси за доделување стипендии за студенти во Макдонија, електронското пријавување трае до 15 октомври

Министерството за образование и наука соопштува дека конкурсите за доделување стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година се објавени и може да се најдат на линкот. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.

Како што потенцираат од Министерството за образование, станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, додека условите за правото на користење на стипендијата, како и потребните документи, се посочени на секој од конкурсите.

„МОН нуди поддршка на апликантите преку Секторот за стандардот на ученици и студенти. Личните контакти на сите вработени, вклучително и вработените во овој сектор се наведени во врската. Исто така, за дополнителни прашања активна е и електронската адреса [email protected]“, се нагласува во соопштението од Министерството.