Објавено богатството на Арбен Таравар како министер – куќа и стан во Скопје, градежно земјиште во Тетово
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави богатството на новиот министер за здравство Арбен Таравари, кој покажа дека има недвижен имот, движен имот, автомобил и злато на име на сопругата.
Таравари пријавил дека има куќа во Гостивар, една во Скопје, стан во Скопје, како и градежно земјиште во Тетово, кое го има заведено на име на неговите родители. Таравари има пријавено и дека има кредити во вредност од над 4 милиони денари, пренесува Телеграф Македонија.
Недвижен имот на Таравар:
– станбена куќа во Гостивар, на негово име, вредна 43.050.000 денари (69.861 евра).
– стан во Карпош, на негово име, вреден 5.771.600 денари (93.661 евра).
– станбена куќа во Карпош, на негово име, вредна 9.245.250 денари (150.031).
– градежно земјиште во Тетово, на име на родителите, вредно 8.841.600 денари (143.480 евра).
Подвижен имот:
– Автомобил Volvo од 2016 година, вреден 3.070.000 денари (49.819 евра)
Податоци од банкарски сметки:
– на негово име во кое зема плата
– на име на сопругата
– на име на децата
– на име на родителите
Податоци за долгови кон физички или правни лица во земјава:
– заем од 4.552.959 денари (73.885 евра)
Податоци за други средства во земјата:
– злато во сопственост на неговата сопруга вредно 1.350.800 денари (21.920 евра)
– уметнички фотографии на негово име, вредни 245.000 денари (3.975 евра)
Други приходи во земјата:
– 33.825 денари (548 евра), договор за закуп на стан
– 15.374 денари (249 евра), договор за издавање деловен простор.