Објавено е видео од спасување на лице од автомобил: Разорно невреме го уништи градот, улиците непрепознатливи (ФОТО/ВИДЕО)

„Се надевавме дека ќе спречевме да ескалира оваа ситуација, но пристигна најлошото можно сценарио со излевање на реката Пајаро и пробивање на насипот околу полноќ“, објави синојка на Твитер, надзорникот на округот Монтереј, Луис Алехо.

Во петокот, директорката на Државната служба за вонредни состојби, Ненси Вард, објави дека невремето веќе однело најмалку два животи. Невообичаено интензивна и навидум бескрајна серија бури ја погодува Калифорнија со недели.

Сликите објавени на Твитер од државната Национална гарда покажуваат гардисти како спасуваат жители заробени во автомобили кои се под вода.

Најмалку еден локален пат беше однесен во округот Санта Круз, северно од Монтереј. На жителите на неколку градови, главно на северот, им беше наредено да се евакуираат.

Најновото невреме се очекува да резултира со уште 20 сантиметри дожд на веќе заситеното тло.

Најновата бура, дел од моќната атмосферска река позната како „ананас експрес“, која носи топла, суптропска влага од Хаваи, ќе го забрза топењето на огромниот снежни наноси на повисоките височини, заканувајќи се да ги влоши и онака големите поплави.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека Калифорнија „а користи секоја алатка со која располага за да ги заштити заедниците од немилосрдните и смртоносни бури што ја зафаќаат државата. Во невремето во јануари животот го загубија 20 лица.

ГАЛЕРИЈА: