Објавен е имотниот лист на Владимир Путин: Централната изборна комисија објави колку е „тежок“ рускиот лидер

Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на Владимир Путин, актуелниот лидер и кандидат за претседател на Руската Федерација на претстојните избори.

Според податоците, вкупниот приход на Владимир Путин за шест години бил 67.591.875 рубљи (околу 700.000 евра), пренесува РИА Новости.

Во извештајот се наведува дека претседателот на Русија поседува стан од 77 квадратни метри и гаража од 18 квадратни метри во Санкт Петербург, како и три автомобили – ГАЗ М21 (1960), ГАЗ М21 (1965) и Нива од 2009 година, како и ауто – приколка „Скиф“ , произведен во 1987 година.

Путин има и 10 банкарски сметки со 54.416.604,52 рубљи (околу 550.000 евра) и 230 акции на „PJSC Bank St. Petersburg“ (номиналната вредност на една акција е 11,81 рубљи).

Претседателот на Русија поседува и стан во Москва (153,7 квадратни метри).