Објавен е оглас со кој се бараат кандидати за судии од Македонија во ЕСЧП во Стразбур

Во Службен весник е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

Постапката за избор ќе ја спроведе Комисијата за избор на кандидати на Република Македонија за судии при Европскиот суд за човекови права.

Надлежностите на оваа комисија се да распише јавен оглас за избор на кандидати, да ја спроведе постапката за селекција по добиеното мислење од Меѓународниот советодавен совет на експерти на Советот на Европа, доколку кандидатите ги исполнуваат условите и да достават предлог за избор на тројца кандидати за судии.

Уставниот суд најавува дека ќе учествува во процесот на избор на кандидати преку својот претставник во Комисијата за избор на кандидати за судии при ЕСЧП, судијата Осман Кадриу.