Мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна рано наутро откако во него удри товарен брод. Најмалку шест лица се водат како исчезнати.
Веќе е објавена снимка од разговорот на полициските службеници задолжени за сообраќајот во тој дел од градот.
„Брод во неволја се приближува. Додека не го решат проблемот мораме да го прекинеме целиот сообраќај“, се слуша како вели првиот полицаец.
„Јас сум во јужниот дел. Го запираме сообраќајот. Стигнавме таму, застанавме пред мостот. Ќе го запреме целиот сообраќај“, изјави другиот полицаец.
„Дали има работници на мостот кои вршат поправки? Да, прекинете го сообраќајот. Погрижете се да нема никој на мостот. Ако има работници, информирајте го управителот привремено да го напушти мостот“, одговори првиот полицаец.
„Кога ќе пристигнат дополнителните единици, ќе возам до мостот. Го запревме целиот сообраќај“, одговори вториот полицаец.
„Целиот мост се сруши! Повторувам, целиот мост е урнат“, се слуша како вели трет полицаец.
„Потврдено е, мостот е урнат. Не можам да одам на другата страна. Некој од другата страна нека го запре сообраќајот“, изјави полицаец по уривањето на мостот.
Инаку, причината за судирот на бродот на познатиот мост во Балтимор, шест лица се сметаат за исчезнати.