Колку често треба да ја миете косата, одговорот ќе ве изненади

Миењето на косата е само еден дел од неколкуте важни чекори потребни за да останете чисти и негувани.

Без миење, косата може да стане мрсна, смрдлива, пишува Express.co.uk.

Многумина од нас имаат свои рутини за миење коса на кои се придржуваме со години. Некои луѓе ќе ги мијат секој ден, додека други ќе чекаат подолго помеѓу миењето.

Ова може да зависи од типот на вашата коса, меѓутоа, се чини дека консензусот од многу експерти е дека прекумерното миење може да биде штетно за вашата коса. Ова главно се должи на фактот дека миењето може да ги отстрани природните есенцијални масла.

Ако и вие сте некој кој користи фен или регенератор после миење на косата секој пат, тоа може да предизвика дополнителна штета.

Експерт откри колку често треба да ја миеме косата, а одговорот може да ве изненади. Вес Шарптон, резидентен стилист во Hairstory, откри дека треба да ја миете косата „само“ еднаш неделно.

„Ако користите традиционален шампон, треба да ја миете косата само еднаш неделно“, вели тој.