На што се е подготвен Луис Суарес само повторно да игра со Лионел Меси !?

Луис Суарес сака повторно да игра покрај Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, некогашното трио на Барселона кое сега е дел од составот на Интер Мајами.

Тој е под договор со бразилски Гремио и трансферот моментално е во сферата на тешко остварливите, но уругвајскиот напаѓач има план.

Според шпанските медиуми, Суарес ќе се обиде да преговара за трансфер, а на Гремио би можел да му понуди исплата на платата за оваа година и додаток за да се ослободи од договорот што го има со клубот.

Гремио се свесни дека сака да си замине, но не се подготвени само така да се откажат од него бидејќи им претстои клучен дел од сезоната и не сакаат да останат без ѕвездата која на 30 натпревари за клубот постигна 13 и асистираше за девет гола.

Суарес во својата кариера настапуваше и за Национал и Гронинген, пред да премине во Ајакс (111 гола, 68 асистенции на 159 натпревари), а потоа и во Ливерпул (83 гола, 46 асистенции на 133 натпревари), каде помина три години.

За Барселона играше шест години (195 гола, 113 асистенции на 283 натпревари), а во Шпанија за Атлетико Мадрид. Во кариерата богата со трофеи, пет пати беше шпански првак, а еднаш ја освои Лигата на шампионите.