Десетици китови насукани угинаа на австралиска плажа

Десетици китови загинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија.

Експерти за морски диви животни, научници и ветеринари се обидуваат да ги спасат китовите заглавени во плитките води на Тоби Инлет во заливот Џенограф, во близина на градот Дансборо.

Познато е дека повеќе од 100 китови се вратиле од плажа во морето, додека 31 умреле, пишува skynews , телеграф.

„Имаше повеќе од 200 од нив покрај плажата и мислам дека 31 загинаа“, рече Иан Виз.

„Кога првпат пристигнав, мислам дека имаше преку 160 китови во водата, речиси надвор од водата. И по еден час или нешто, наеднаш оние што се уште беа живи излегоа на море“, рече Визе.

Спасувањето на повеќето китови го потврди австралискиот Оддел за биолошка разновидност, зачувување и атракции, кој соопшти дека областа ќе биде надгледувана од авион за набљудување.

Инаку, во јули минатата година на плажата Чејнес загинаа вкупно 51 кит.

Австралиската држава го доживеа најмасовното насукување на китови во Дансборо во 1996 година во кое учествуваа 320 китови.