Франција апелира итно да се суспендира одлуката на Централна банка на Косово

Франција е загрижена поради стапувањето во сила на одлуката на Централната банка во Приштина, која го одобрува еврото за готовински трансакции на територијата на Косово и бара итно суспендирање на оваа мерка, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

– Оваа одлука, донесена набрзина и некоординирано, ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањата во српски динари. Во отсуство на алтернативни решенија, Франција повикува на итна суспензија на оваа мерка за да се обезбеди соодветен преоден период, се истакнува во соопштението на француското Министерство.

Франција, исто така апелира до властите во Приштина да изнајдат решение преку преговори во рамките на Дијалогот што го води Европската Унија.