Белгиските земјоделци ги прекинаа блокадите и почнуваат преговори со властите

Земјоделците кои изминатите денови протестираа во Белгија одлучија да ги прекинат блокадите и да влезат во преговори со властите, објавија локалните медиуми. Се прекинува блокадата на неколку складишта со храна на големо, за која се стравуваше дека довело до празнење на продавниците низ државата.

Претходно денеска белгискиот премиер Александар де Кро ги повика демонстрантите на разговор за да се најде решение за нивните барања – намалување на бирократијата, ограничување на увозот на земјоделски производи од земјите надвор од ЕУ, подобрување на нивната финансиска состојба. Демонстрантите вчера пристигнаа со околу 1.300 трактори во Брисел, а потоа се повлекоа од главниот град, блокирајќи ги главните патишта, па дури и на места границата со соседна Холандија.

Пристаништето Антверпен и Бриж, кои исто така мораа да ги ограничат активностите во последните денови поради протестите, пријавија загуби од милиони евра.

Се уште се во тек преговорите за барем делумно ослободување на патот до рафинеријата од која се снабдуваат помалите аеродроми во земјата.