ЦЕНАТА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ – Фламинго салонки од брендот Moschino се речиси распродадени

Фламинго салонките од модниот бренд Moschino се речиси распродадени откако се појавија на пазарот.

Цената на еден пар од овие необични салонки е 835 евра, а судејќи според нивната официјална веб-продавница, тие сè уште се достапни само во големини 38 и 40.

Имено, креативниот директор на овој бренд Џереми Скот за овогодинешната колекција пролет/лето се инспирираше од незаменлив додаток за летни забави на базени и плажи.

Оваа колекција ја претстави уште во септември минатата година на модната недела во Милано, кога ревијата ја започна со црно-црвени комбинации украсени со срциња. Потоа следеа креации со цветни мотиви и серија неонски јакни.

На крајот најголемо внимание привлече колекцијата инспирирана од летните забави, односно душеците за базен и море. Посебно се истакнаа пар розови салонки со фламинго на горниот дел, кои го воодушевија модниот свет, па не чуди што беа речиси распродадени на пазарот.