Објавен е тендерот за избор на изведувач за изградба на гасоводот меѓу Македонија и Грција

На веб-страницата на Европската Унија е објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на гасоводот за природен гас меѓу Македонија и Грција.

Отворањето на понудите ќе се одвива 60 дена, поточно на 01.02.2024 година во 12 часот.

Предвидено е гасоводот да биде долг 123 километри и да се протега од Неа Месимврија до Неготи и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. На нашата територија делницата од Ѓевѓелија до Неготина ќе биде долга 67 километри со очекувана вредност од над 83 милиони евра.

Управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ нашата земја го презеде операторот со природен гас ДЕСФА откако беше избран на тендерот што го објави државната компанија „Номагас“.

Проектот ќе биде финансиран од Европската инвестициска банка. Се очекува гасоводот да биде завршен до средината на 2025 година.