Објавен е трејлерот за новиот филм на Џеј Ло во кој се појавува и Бен Афлек (видео)

Џенифер Лопез заедно со претстојниот албум ќе го објави краткиот филм This is Me… Now: A Love Story. 65-минутниот филм ќе се емитува на платформата Amazon Prime од 16 февруари. Џенифер ќе глуми жена која се обидува да најде нова љубов додека се соочува со различни предизвици, како што се гласините дека е зависничка од секс.

Филмот е во режија на Дејвид Мејерс и е опишан како „кинематографска Одисеја водена од наративот, натопена во митолошки приказни и лично исцелување“.

Меѓу другите улоги ќе има Тревор Ноа, Софија Вергара, Пост Мелоне и Кеке Палмер, како и Бен Афлек, кој е сопруг на познатата пејачка во реалниот живот. 

Трејлерот можете да го погледнете подолу.