ОБЈАВЕН ПЕКОЛЕН ПЛАН НА КРЕМЉ – Протече разговор на двајца руски моќници: “Планирале да фрлат вселенска ракета полна со многу експлозиви врз Киев ?!

Според некои информации, високи руски функционери планираат да соборат вселенска ракета натоварена со многу експлозив во главниот град на Украина, Киев. 

Имено, објавените тајни телефонски повици во кои се вмешани поранешниот прв човек на руската вселенска агенција, Дмитриј Рогозин и актуелниот директор на рускиот вселенски ракетен центар „Прогрес“, Дмитриј Баранов, ја откриваат наводната завера.

Планот му бил претставен и на Владимир Путин претходно оваа година од неговиот близок соработник Антон Вајно, прв човек на руската претседателска администрација, но не е познато каква одлука донел, доколку воопшто ја донел Владимир Путин.

Дмитриј Рогозин – кој минатата година беше отпуштен од Владимир Путин како директор на вселенската агенција – повторно стана член на високите кругови во септември со назначувањето за руски сенатор.

Овој геноциден план, како што пишува Daily Mail, би ја вклучувал ракета-носач од типот „Сојуз“ за цивилна употреба и нејзино контролирање за да не стигне до орбитата, туку наместо тоа да удри во украински град, најверојатно главниот град Киев.

Планот предлага лансирање на мегабомбата тешка девет тони од космодромот „Плесек“ во близина на Архангелск, според снимените повици откриени од германскиот весник BildДмитриј Баранов, според овие информации, му рекол на Димитриј Рогозин дека ракетата висока 50 метри може да биде насочена во која насока сакаат тие со ротирање во период од осум до 22 секунди по лансирањето. Тој е задолжен за изградба на ракети за мисии со екипаж и беспилотни до Меѓународната вселенска станица (МВС).

слика
Ракета „Сојуз“

Димитриј Баранов на снимката му посочува и на Димитриј Рогозин клучен проблем. 

Тоа е суперсонично повторно влегување во атмосферата, а постојните тешки воздушни бомби FAB-500 тогаш не работат, тие почнуваат да се прегреваат, ТНТ се уништува во нив и перформансите паѓаат критично. Нашите наведувани бомби исто така не се дизајнирани за тоа и немаат заштита од прегревање“, рекол тој. 

Оваа џиновска бомба, доколку се решат проблемите, би можела да експлодира кога повторно ќе влезе во атмосферата по лансирањето, предизвикувајќи невиден пустош.

Димитриј Рогозин потоа се консултирал со Јуриј Соломонов, главен конструктор за ракетни системи на земја во Московскиот државен Институт за топлинско инженерство и поранешен прв човек за развој на балистичката ракета „Топол-М“.

Инволвираните во овој план го изразија својот страв дека делови од ракетната бомба може да паднат на руска територија, но сепак решија да ги надминат сите проблеми. 

Колку се големи областите на паѓање ? Каде се ризиците ?“, прашал Димитриј Рогозин нестрпливо, според протечените снимки. „Колку време ќе биде потребно да се подготви сето ова срање ?“, прашал тој во гласовна порака.

Можеби ќе бидат потребни шест месеци, но тоа е горна граница“, одговорил Димитриј Баранов.

Јуриј Соломонов потоа пронајдел решение за проблемот со греењето и Димитриј Баронов на крајот бил убеден дека работата ќе функционира. 

Лансирањето и летањето до која било цел воопшто не е проблем“, рекол тој и додал: „Ни треба малку модернизација… за да не мораме да одиме во орбитата, туку да следиме јасна патека… Друго прашање би било да се среди областа на некои остатоци. Нема да има проблем со третата етапа затоа што ќе падне каде и сакаме ние“, рекол Димитриј Баранов.

Клучното прашање е да се обезбеди да стигне до земјата, да не изгори пред тоа, бидејќи брзината би била шест километри во секунда“, заклучил Димитриј Баранов.