Објавен списокот на помилувани – меѓу нив нема осудени за 27 април

Во службен весник објавена е одлуката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со која се помилуваат седум осудени лица за новогодишните празници. Меѓу помилуваните, нема познати лица, а не се ниту двајцата осудени за 27 април кои како што објави „Слободен печат“ доставиле барање за да бидат помилувани.

Од седумте помилувани еден е само потполно помилуван, додека другите шест делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.