Вера Матовиќ е сопственичка на една од најскапите куќи на Балканот, која вреди околу 3,8 милиони евра и се наоѓа на Дедиње.
Таа своевремено проговори за својата заработка, но и за колегите во шоу – бизнисот.
– Мојата куќа на Дедиње на сите им пречи, но мене никој не ми пречи ничија куќа. Никој не треба да го интересира колку сум вложила во нешто, никому ништо не сум украла.
-Домаќинот што ќе ме викне да пеам некаде сигурно добро ќе плати. Ако сакаш музика, треба да платиш, а јас и моите колеги ќе направиме сè за да го оправдаме секој спечален денар. Не можев да спијам со денови за да одам од настап на настап. Седам во кола и возам, а главата ќе ми падне од умор. Никој не го знае тоа, сè што знаат е колку некој заработил.