Mногубројните дождови гo измиле поленот и нектарот од цветовите и поради тоа пчелите не можеле да го соберат, што ќе резултира со намалување на количината на мед годинава.
Пчеларот Шабан Адеми, кој заедно со семејството поседува 800 пчеларници и е трета генерација пчелари во неговото семејство, вели дека за оваа година веќе изгубиле третина од количината на мед. Тој се надева дека ќе успеат во следните две фази на жетва.
„Предност ни е, кога во некоја држава порано цвета вегетацијата, планинските земји уште не почнале, се трудиме да ги фатиме, два-три пати ги вртиме пасиштата и два-три пати собираме мед. Но, годинава багремот пропадна, бидејќи долгото траење на дождовите има ефект, а багремот го нема. Фативме нешто, но ова не е доволно… Годинава досега една третина е земена, една третина отидена. Како и обично, три пати го собираме медот, ако климата е погодна, додека ако вака оди ќе пропаднеме и со други ливади и пасишта, ќе продолжи да биде планинско пасиште“, рече Шабан Адеми, пчелар .
Адеми објаснува дека недостигот на количината полен предизвикал невработеност кај пчелите и со тоа се зголемило нивното незадоволство, се формирале многу групи кои бараат раздвојување. За да го спречат овој процес, пчеларите треба да направат бројни проверки, со што се мултиплицира нивниот труд, кој во оваа сезона не беше ни надоместен со доволно количество мед.
Годинава има многу потреба од чување , пчеларот е редовно 5-6 недели во контрола и сме во последна фаза од зачувување. Контролираме пчелите да не се раздвојуваат… Во овие климатски услови, кога има полен некое време, а потоа стагнира, се пријавува невработеност кај пчелите, формираат и групи, формираат кошници и секоја група бара одвојување, Всушност пчелата заминува, се одвојува и бара нов дом, тоа предизвикува трошоци за пчеларот затоа што новата пчела мора да има нов дом, нов восок и се што е потребно… Ние го спречуваме одвојувањето со проверки, нашите пчели се нумерирани со дневници, со докази, сите пчели одат на проверка…, рече Шабан Адеми, Пчелар.
Пчеларите се жалат на намалување на висината на субвенциите од државата, велат од 700 денари што ги добивале по кошница годинава добиваат само 600 денари. Тие потсетуваат на клучното значење што пчелите го имаат не само за медот и другите производи што ги обезбедуваат, туку и за улогата што ја имаат во земјоделското производство и овоштарите. Велат дека пчеларите треба малку повеќе да се вреднуваат и да не се оставаат сами да се соочат со предизвиците на оваа област.