ОВАА ДЕВОЈКА Е ВИСТИНСКА ЅВЕЗДА – Се преправа дека е џин и заработува стотици илјади евра од необичниот фетиш на мажите: “Сакаат да ги здробам…“ (фото)
Само благодарение на висината од 186 сантиметри, оваа 34-годишна жена, на обожавателите позната само како „Високата девојка Пени“, минатата година преку Интернет заработила околу 223 илјади евра.
Има една стара шега која кажува дека – „Интернетот е направен само за порно и фотографии и видеа од слатки мачиња“, а Пени открива дека Интернетот исто така е место полно со момчиња кои уживаат во виртуелна врска и имаат многу фетиши. Затоа, оваа девојка отворила свој профил на платформата за возрасни OnlyFans, која главно се користи за дистрибуција на лични и сексуално експлицитни содржини, а на своите обожаватели им нуди различни услуги.
„Не би поверувале колку мажи имаат фетиш за високи девојки. Мојата висина е она што ме прави поинаква од сите. Да не бев толку висока, немаше да можам да заработам толку пари на овој начин“, кажала таа, пишува британскиот магазин The Daily Mirror.
Но, за да заработи, Пени мора да ги исполни желбите на своите обожаватели, со кои разговара преку приватни (и платени) видео повици. Најмногу од сè, од неа се бара да ја игра улогата на џин. Таа со помош на компјутерски програми успева да порасне до ниво на џин на видеата, а во зависност од желбите на клиентот може да ги „здроби“ со градите, нозете или едноставно со тежината на телото.
Пени вели дека е сексуализирана од својата 13 година поради нејзината висина. Одлучила дека и е доста од тоа и дека за својата висина ќе го наплати сексуалниот интерес на мажите.
„Знам дека некои го критикуваат начинот на кој заработувам, но се што правам е виртуелно и никому не нанесувам штета. Има мажи во светот кои сакаат големи девојки и ми плаќаат за нивното задоволство, а јас уживам да им давам задоволство и да заработувам пари – да бидам искрена – ова води до тоа мажот да заврши заробен во моите чевли или згмечен меѓу моите џиновски нозе“, раскажува таа.
Пени, инаку, е квалификувана психотерапевтка, но сфатила дека оваа работа може да и донесе многу работа и многу пари, пишува весникот.
Сепак, таа признава дека има проблеми со приватните односи поради нејзиниот изглед. Луѓето често се плашат кога ќе ја видат, а пониските мажи се чувствуваат несигурно околу неа.
„Состаноците ми беа тешки, понекогаш се срамам поради висината, особено кога излегував со пониски мажи, а тешко ми е да најдам некој повисок. Но, сега веќе не е така. Всушност, треба да направите сè за прифаќање на вашиот изглед. Откако ќе станете сигурни во себе, ќе најдете маж кој ќе ве сака такви какви што сте“, им вели таа на високите и ниските жени и на сите други жени со различен изглед.